Stipe Majic
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
ЗАГРЕБ (АА) - Вицепремиерката на Владата на Хрватска и министерка за економија, претприемништво и занаетчиство, Мартина Далиќ поднесе неотповиклива оставка на функцијата во Владата поради аферата „Хотмаил“, во која во јавноста протече кореспонденцијата на министерката Далиќ и останатите актери вклучени во процесот за реконструкција на Агрокор. За неотповикливата оставка на министерката, хрватска јавност во Бански двори ја известија премиерот Андреј Пленковиќ и самата министерката, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата за медиуми во Бански двори, хрватскиот премиер Пленковиќ и министерката Далиќ соопштија дека со заедничка одлука, министерката за еконоија поднела неотповиклива оставка.
Министерката за економија Мартина Далиќ беше 1,5 година на функција во хрватската влада, а една од нејзините најважни задачи на кои работеше, а поради што настанаа услови за нејзина оставка, е процесот за реконструкција во најголемата хрватска компанија Агрокор и должничката криза која настана во овој концерн.
„Во договор со премиерот, поднесов неотповиклива оставка на должноста вицепремиер на хрватската влада и министерка за економија, претприемништво и занаетчиство. Во овој неверојатен сплет на околности и интереси околу Агрокор, одеднаш испадна дека јас претставувам терет за претседателот на владата, владата, хрватската демократска заедница и владеачкото мнозинство. Јас тоа во никој случај не сакам да бидам“, рече Далиќ.
Далиќ во продолжение изјави дека добила политичка задача да спречи пропаѓањето на Агрокор задно со себе да ја повлече и целата економија повторно во рецесија.
„Задачата е спроведена во дело и изнајдено е решение кое вклучува дека нема трошоци за даночните обврзници“, изјави Далиќ.
Далиќ истакна дека Агрокор се наоѓа пред постигнување договор, додавајќи дека очекува договорот да биде потпишан во рокови.
Таа порача дека очекува да се открие кој ги објавил фрагментите од комуникацијата, бидејќи неовластено давање на туѓа елекронска пошта е криично дело.
„Лично, не направив ништо погрешно, ништо неморално или незаконски“, рече Далиќ.
Додаде дека поднесува оставка поради перцепцијата на коалициските партнери во владата, кои го изразиле своето незадоволство, за да не биде терет на владата, ниту на ХДЗ.
Премиерот Андреј Пленковиќ во своето обраќање се осврна на самиот почеток на кризата во Агрокор, која започна во почетокот на 2017 година, со намалување на кредитниот рејтинг на овој концерн од рејтинг агенцијата Moodys.
Пленковиќ истакна дека е постигната целта на започнувањето и спроведувањето на законот "lex Agrokor", но додаде дека жали поради недостатокот на време кое предизвикало намалување на транспарентноста насамиот процес.
„Жал мие што вицепреиерката ја напушта владата, бидејќи со своето искуство, знаење, енергија и храброст даде извонреден допринос во работата“, рече премиерот и додаде дека ќе бидат расветлени сите аспекти на процесот.
Пленковиќ истакна дека со тогашниот коалициски партнер Мост, ангажирани се низа еономски експерти кои доаѓаат надвор од државната управа, доддавајќи дека се е работено во кратки рокови и на брзина, бидејќи тоа го наметнувале околностите.
Пленковиќ рече дека Закон за вонредни администрацијаво систематски важни компании, кој во јавноста е именуван како „lex Agrokor“, Владата го донела за многу краток период.
„Кризата која тогаш му се закануваше на Агрокор претставуваше многу лошо сценарио за 56.000 вработени, за нивните семејства, за речиси 20.000 луѓе кои работат со компаниите поврзани со Агрокор, а таквата криза би имала својадимензија која би се прелеала и во соседните држави, каде низа компаниисе во составот на концернот Агрокор“, истакна премиерот на Хрватска.
Пленковиќ додаде дека Закон за вонредни администрација не би бил активен без барања и согласност на сопственикот на концернот Ивица Тодориќ, кој во моментов се наоѓа во Велика Британија и се очекува негова екстрадиција во Хрватска.
По смената на првиот комесар на Владата за реконструкција на Агрокор Анте рамљак, поради аферата поврзана поради судир на интереси, сменета е и министерката за економија Мартина Далиќ, еден од главните актери во пишувањето и спроведувањето на Законот именуван како "lex Agrokor".