Alperen Aktaş
02 Јануари 2025•Ажурирај: 03 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије вети дека ќе ги заштити сите ранливи групи во Сирија, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, известува Анадолу.
„Без разлика дали е мнозинство или малцинство во Сирија, кои и да сѐ, Нусаири, Алевити, Езиди, Христијани, кои и да сѐ - Туркије е нивен заштитник и чувар, како што е за сите други во овој нов период“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со белгискиот колега Бернард Квинтин во Анкара.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека за време на репресијата на режимот на Башар ал Асад, милиони сунитски Арапи, вклучително и Турци, биле раселени и морале да бараат засолниште во други земји.
Фидан нагласи дека Туркије не се двоумела да ги прифати оние кои барале заштита од репресијата.
Тој додаде дека Анкара никогаш не се двоумела да го сподели товарот на оние што бараат засолниште и да преземе чекори за да се осигура дека тие живеат во мирна иднина за Сирија.
„Ние правиме сѐ што е во наша моќ за да бидеме сигурни дека тие нема да бидат повредени во Сирија. Новото сириско раководство е исто така многу чувствително по ова прашање“, рече Фидан.
Од 2011 година, Туркије обезбеди засолниште за над три милиони Сиријци.