Abdula Berisha
11 Јануари 2023•Ажурирај: 11 Јануари 2023
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, го пречека во Скопје Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Ковачевски ќе одржи работна средба со високиот американски претставник, кој престојува во Северна Македонија како дел од неговата посета во регионот, која, според соопштението на Стејт департментот, има за цел да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.
Според соопштението, советникот Шоле во Скопје ќе учествува на разговори за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.
Денес советникот Шоле ќе отпатува и во Косово, а в четврток ќе ја посети и Србија, каде што со владините претставници, меѓу другото, ќе разговара за дијалогот олеснет од Европската Унија за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусиран на меѓусебното признавање.