Adel Ömeragiç
16 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓунаковиќ, денес гласаше на парламентарните избори на гласачкото место во Подгорица. Џукановиќ очекува дека изборите ќе се одвиваат во фер атмосфета, а дека државата нема да дозволи било какви инциденти во текот на изборниот ден, јавува Anadolu Agency (AA).
„Очекувам дека изборите ќе се одвиваат во фер и регуларна атмосфера, Црна Гора уште еднаш да потврди дека e стабилна земја, граѓаните на Црна Гора да придонесат за нејзина афирмација како демократско општество кое ги почитува традиционалните вредности на Црна Гора и кое е во состојба доследно да ги имплементира најголемите демократски стандарди. Моето очекување е Црна Гора по изборите да продолжи стабилно и динамично да се движи кон своите европски и евроатлантски цели ”, изјави Џукановиќ.
На прашањето дали има информации дека во Црна Гора се уапсени лица од други земји кои планирале напади во текот на изборниот ден, Џукановиќ изјави дека во контактите кои ги имал со државните органи, добил потврда дека постапката на подготовка на соопштението со кое државните органи ќе се обратат на јавноста е во завршна фаза.
Тој исто така истакна дека не очекува инциденти вечерва.
„Не, Црна Гора е многу стабилна земја и кој и да мисли дека може да си игра со неа, ќе заврши како што и до сега завршуваа” , изјави Џукановиќ.
Во Црна Гора утрово во седум часот отворени се изборните места на кои гласачите ќе гласаат на четвртите по ред избори од обновувањето на независноста.
Право на глас на изборите имаат 528.817 граѓани на Црна Гора, кои ќе избираат помеѓу 17 пријавени листи.За влез во црногорскиот парламент, кој брои 81 пратеничко место, пријавени се 1.129 кандидати.
Избирачките места, кои во Црна Гора ги има 1.207 се затвораат во 20 часот. Изборите ќе ги набљудуваат 1.400 набљудувачи од Центарот за мониторинг (ЦЕМИ) како и набљудувачи на ОБСЕ.