Admir Fazlagic
13 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и ниту еден воздржан, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието на Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За фунцијата потпретседател на Собранието, Рамчиловиќ беше предложен од страна на 23 пратеници.
Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди, кој даде оставка од пратеничката функција.
Претходно, Рамчиловиќ, кој беше дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, преку писмен допис го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ја напушта пратеничката група.
Рамчиловиќ е пратеник во Собранието од 2016 година.