Muhammed Bilal Kenasari
13 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД) Марк Тонер синоќа во Вашингтон изјави дека договорот за прекин на огнот во Сирија, кој треба да се примени во текот на седум дена, е значаен но тоа треба да се реализира, јавува Anadolu Agency (AA).
Тонер потсети на ставот на Русија дека, и покрај договорот, ќе продолжи да се бори против терористите.
"Ние сакаме да престанат да го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад", рече Тонер.
По конференцијата во Минхен, министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери, изјави дека верува дека трајниот мир во Сирија нема да се постигне се додека Асад е на власт. Портпаролот Тонер изјави дека целта на договорот во Минхен, е со политички решенија да се запре војната во Сирија.
"Овој договор е значаен, но тој треба да се применува. Ние сакаме Русија да преземе конкретни чекори и да дејствува во согласност со договорот што беше постигнат во последните три месеци", рече Тонер.
Покрај тоа, Тонер зборуваше за неодамнешните напади врз редакциите на весниците "Јени шафак" и "Јени Aкит" во Истанбул. Тој рече дека овие напади се неприфатливи и додаде дека слободните и различни медиуми се дел од едно демократско општество.