Aslı Aral
07 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
ЛОНДОН (АА) - Врховниот преговарачки совет на сириската опозиција ја објави новата визија на политичката транзиција во Сирија која се состои од три фази, јавува Anadolu Agency (AA).
Непосредно пред почетокот на меѓународниот состанок за сириската криза во Лондон, координаторот на Советот на сириската опозиција Ријад Хиџаб, на Меѓународниот институт за стратешки работи (IISS) објави детали за новата визија на политичката транзиција која во Сирија ја застапува опозицијата.
Истакнувајќи дека визијата под наслов „Рамки на политичката транзиција“ предвидува преговори за сириските прашања, Хиџаб рече дека основа на визијата ја сочинуваат декларацијата која е договорена во Женева 2012 година и сите досегашни резолуции на Советот за безбедност на ОН по сириското прашање.
„Оваа визија е креирана за да ги задоволи надежите на сирискиот народ. Направена е за да се спаси Сирија од диктатурата и премине во политички систем на слободи и човекови права“, рече Хиџаб, кој е и поранешен сириски премиер, и додаде дека во трите фази на процесот за политичка транзиција предвиден со визијата, вклучени се сите групи во Сирија.
Во првата фаза, која би траела шест месеци предвидени се преговори, воспоставување на прекинот на огнот, прекин на бомбардирањата, да се стави крај на опсадата на градовите, ослободување на заробениците од затворите и да се овозможи враќање на раселените.
Според зборовите на координаторот Хиџаб, втората фаза е проценето да трае година и полoвина, а предвидува имплементација на политичката транзиција во Сирија.
„Таа работа мора да започне со заминување на Асад од власта и неговата екипа. Ќе формираме единици на привремена управа кои ќе овозможат заминување на Асадовиот режим кој ги започна страотните злосторства над сирискиот народ“, рече Хиџаб.
Во таа фаза се планира да се изработи и нарцт на нов Устав на Сирија, кој би го гарантирал суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија, но би го гарантирал и единството на нацијата и функционирањето на институциите. Уставот би требало да гарантира еднакви права на сите етнички и верски групи, вклучувајќи ги и Курдите.
Хиџаб во продолжение ја кажа и третата, последна фаза од транзицијата, замислена како имплементација на националниот дијалог, уставни реформи и поддршка на ОН во одржување на локални, парламентарни и претседателски избори.
„Новата визија е значајна за иднината на Сирија. Таа ќе овозможи враќање на Сиријците во нивните земји, ќе ги оправда нивните очекувањата и надежи, ќе стави крај на диктатурата на режимот и ќе ја трансформира земјата“, заклучи Хиџаб.
Хиџаб рече дека сирискиот претседастел Башар Ал Асад нема да остане на власт во идната Сирија, и ги повика САД и понатаму да го поддржува тој став, а Русија ја повика да ја поддри таа идеа.
Советот на сириската опозиција, деталите за новата визија на транзиција во Сирија ќе ги претстави и на дипломатскиот собир за Сирија во Лондон, со кој ќе претседава британскиот шеф на дипломатија Борис Џонсон.
Покрај него на состанокот ќе учествуваат турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и високои функционери од САД, Саудиска Арабија, Катар, Обединети Арапски Емирати, Германија, Јордан, Италија и Европската унија.