Admir Fazlagic
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров во Вашингтон, Соединетите Американски Држави (САД) се состана со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министрите Димитров и Чавушоглу престојуваат во Вашингрон по повод состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на НАТО, кој е организиран по повод 70. годишнина од тој сојуз.
Најавувајќи ја посетата на министерот Димитров на Вашингтон, Министерството за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија соопшти дека станува збор за прв состанок на министерско ниво за надворешни работи на кој што претставена преку министерот Димитров, Северна Македонија активно ќе учествува во својство на поканета земја за членство.
По приемот за одбележување на 70-годишнината од формирањето на Алијансата, министерот Димитров ќе оствари средба со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, информираше МНР.