????? ????????
24 Октомври 2015•Ажурирај: 06 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Не се исклучува можноста во зимскиот период бегалците да останат заглавени во балканските земји. Но, сега ова е само хипотетички. Во тој случај, би се случиле големи проблеми бидејќи би бил прекинат протокот на бегалците преку овој дел на Европа, што би довело до многу непријатни ситуации. За да не се случи тоа мора да се координираат работите – вели во интервју за Anadolu Agency (AA) Трпе Стојановски, универзитетски професор, експерт за миграции и директор на МАРРИ ( Регионална иницијатива за азил, бегалци и миграции) .
Стојановски зборува за бегалската криза со која се соочуваат балканските земји и земјите на ЕУ.
Според него, неблагодарно е да се зборува за можните проценки и прогнози за бегалската криза бидејки, пред се ,вели тој “причината на кризата е војната во Сирија и другите земји од Блискиот Исток и Северна Африка, и тие се факторот кој ги произведува бегалските бранови.Поради тие причини, за прв пат оваа година се соочивме со илјадници бегалци и мигранти” , смета Стојановски.
“Обично во овој период кога доаѓа есен или зима, миграциските текови во минатото се намалувале, а стагнацијата би траела некаде до пролет или лето. Меѓутоа, оваа година не важат тие правила, напротив имаме зголемен интензитет, кога повеќе од десет илјади бегалци за еден ден ја минуваат рутата и највероватно тоа и понатаму ќе продолжи. Останува да видиме” , вели Стојановски.
“Македонија и порано беше на трасата на бегалската рута, меѓутоа, оваа криза покажа дека Македонија е сега на главната рутка и во таа смисла е многу тешко да се зборува дали ќе се менува правецот бидејќи оваа рута е вееќе етаблирана” смета експертот за миграции Трпе Стојановски.
Република Македонија многу брзо се адаптираше и сметам дека е една од конструктивните земји, каде граѓаните покажуваат голема солидарност а државните институции беа сервис кој им е потребен на бегалците. Но евентуални проблеми настануваат тогаш кога некоја од соседните земји гради ограда, што и ни се случуваше, тогаш се стопира протокот на бегалците и мигрантите и тогаш настанува нервоза која се одразува и во билатералните или пошироките релации помеѓу две држави”, вели Стојановски.
“ Сакам да истакнам дека земјите од Западен Балкан кои не се членки на ЕУ, кои се материјално посиромашни, во овој период покажуваат многу поголема флексибилност, прагматичност и квалитет во менаџирањето со оваа криза, што е добра препорака дека земјите кои не се членки на Унијата имат јасна визија, имаат потенцијал и несебично се вклучени во справување со кризата” потенцира тој.