Dzihat Aliju
08 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Турската амбасада во Скопје објави дека Турција e подготвена да им помогне на граѓаните и на Владата на Република Македонија, по големите поплави што се случија во и околу градот Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот амбасадор во Скопје, Омур Шолендил, во својата изјава за новинарот на АА истакна дека вчера многу брзо контактирал со Министерството за надворешни работи на Македонија и на Турција во врска со настаните.
Шолендил, пренесувајќи дека Министерството за надворешни работи на Македонија врши увид во регионот, рече: „Побаравме листа на потреби. Ние сме во контакт со Одделот за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД) и министерствата за надворешни работи на двете земји. Откако Македонија ќе ни ја испрати листата на потреби, ние ќе го направиме потребното во рамките на можостите“.
Од друга страна, тој рече дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје продолжува со работата околу помошта.
„Заедно правиме подготовки за да ѝ помогнеме на пријателската и братска земја, Македонија“.
Турската амбасада во Скопје, вчера преку една изјава на Фејсбук ja изрази својата загриженост и солидарност со граѓаните на Скопје по обилните врнежи од дожд, во кои загинаа 21 лице.
Во меѓувреме, Владата на Република Македонија вчера одржа итна седница, на која денешниот ден, 8 август, беше прогласен за ден на жалост.