Zülfiya Yakup
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) - Уставниот суд во Косово го прогласи барањето на обединетата косовска опозиција за неприфатливо, да ја оцени уставноста на изборот на Хашим Тачи за претседател на Република Косово кој се одржа на 26 февруари 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Уставниот суд на официјалната интернет страница објави дека на 21 март 2016 година поголемиот број на гласови одлучија да го прогласат барањето за неприфатливо, да го одбијат барањето за привремена мерка, да го одбијат барањето за јавна расправа и дека оваа одлука веднаш стапува на сила.
Од судот е наведено дека процедурата за избор на претседател на Република Косово е објавена во три круга на гласање, гласањето било тајно и во сите три круга учествувале 81 пратеник при што е потребно двотретинско мнозинство на пратеници.
Во продолжение, Судот забележува дека констатацијата на подносителите на барањето дека во салата биле присутни сите 120 пратеници на Собранието не ја прави одлуката на Собранието неважечка , се додека во Собранието постои еден посебен кворум за донесување на одлуки, како што е и прецизирано во Уставот.
Што се однесува до законот за воведување на привремени мерки, Судот забележува дека подносителите бараат Судот да ја суспендира одлката на Собранието до донесување на одлуката и констатираат дека барањето за воведување на привремени мерки не може да биде предмет на разгледување и мора да биде одбиен бидејќи барањето на подносителите е очигледно неосновано и неприфатливо. Како што барањето беше прогласено за неприфатливо, така и Судот смета дека јавната расправа е непотребна.
Новоизбраниот претседател на Косово Хашим Тачи оваа недела во четврток, пред пратениците на Собранието во Косово најнапред ќе ја поднесе свечената заклетва, а потоа за во петок најавена е свечена церемонија за неговата инаугурација во трговскиот центар во Приштина на која ќе присуствуваат бројни домашни и странски официјални лица.