Agon Fehmiu
19 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
ПРИШТИНА (АА) - По трет пат денес е фрлен солзавец во салата на Собранието на Косово за време на седницата, претседателот на парламентот, Кадри Весели донесе одлука за исклучување од седницата на уште девет пратеници од опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
По таа одлука, обезбедувањето на Собранието почна насилно да ги исфрла пратениците на опозицијата од салата.
Претходно, откако опозицијата фрли по втор пат солзавец за да ја спречи работата на законодавниот дом, од седницата беа исфрлени првите девет пратениците од опозицијата.
Како што беше соопштено од страна на Собранието, пратениците беа исклучени поради нивното однесување и постапки со кои се оневозможува работата на пленарната седница.
Одлуката е донесена врз основа на Косовскиот Уставо и Деловник.
Работата на првиот ден на пролетната сесија на Собранието на Косово е прекината три пати поради солзавец. По секоја пауза, опозицијата повторно фрла солзавец, се ставаа гас-маски и се одеше на пауза.