Zülfiya Yakup
17 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ПРИШТИНА (AA) - Европскиот комесар за соседна политика и преговори за проширување Јоханес Хан соопшти дека е договорена заедничка координација на групата на ЕУ и Косово која ќе се бави со создавање на економскиот развој на земјата. Хан на заедничката конференција за новинари со премиерот на Косово Иса Мустафа, ја истакна неопходноста од силно владеење на правото за да се привлечат странските инвеститори, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој порача дека косовоските бизниси треба да го искористат транзициониот период на примената на Договорот за стабилизација и асоцијација со цел што побрзо да се прилагоди на европскиот пазар.
„Доколку имате пристап до европски пазар во многу случаи тоа значи и пристап до глобален пазар и тоа е уште еден важен и одлучувачки елемент", рече Хан.
Европскиот комесар е уверен дека европските институции, Европскиот парламент и Советот на ЕУ, препораката од Европската комисија многу брзо ќе ја претворат во конкретна одлука, но истакна и дека е неопходно целото косовско општество да соработува на реализација на европските перспективи.
Одговарајќи на прашањата на новинарите рече дека е неопходно што побрзо да се реши прашањето на договорот за демаркација на границата помеѓу Косово и Црна Гора, за што се спротиставува опозицијата.
Тој потврди дека во текот на денот ќе се состане и со лидерите на опозициските партии за да од нив побара да се обединат околу заедничка платформа во врска со европската перспектива.
„Во многу области е потребно двотретинско мнозинство и тоа е главниот проблем на земјата и од тој аспект потребно е заедничко одлучување на сите главни актери, а како што рече премиерот треба да се вклучи и цивилното општество поради тоа што европските интеграции се национален интерес", рече комесарот.
Додаде дека е многу важно да се елиминираат политичките именувања и да се зголеми борбата против организираниот криминал.
Косовскиот премиер Иса Мустафа повтори дека ССП на Косово му донесува многу корист и тоа ја потврдува европската перспектива на земјата.
„Спогодбата нуди посебни можности за реформи во сите области, рефоми кои ние ги заопчнавме, а кои многу лесно ќе се спроведат со поддршка на Европската унија. Оваа спогодба на нас ни овозможува, како што и претходно нагласивме, наше учество на голем пазар од преку 500 милиони жители и пристап до ИПА фондови кои се многу важни за подготовка на Косово за европските интегративни процеси", рече Мустафа.
Косовскиот премиер во врска со демаркација на границата со Црна Гора, која е еден од условите за усвојување на препоракат за либерализација на Косово, оцени дека Косово нема никакви проблеми со Црна Гора и дека треба да ја прифати оценката на меѓународната комисија и експертите на САД кои дале позитивна оценка за тој процес.