Halil Çelik
26 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
МЕКА (АА) – ХАЛИЛ ЧЕЛИК –
Атмосферата на аџилакот нема да биде целосна доколку не се турските аџии, истакна министерот за аџилак и умра на Саудиска Арабија, Мухамед Салих Тахир бин Бентен.
Бентен ги прими на средба во неговиот кабинет странските новинари кои отидоа во Саудиска Арабија за да ги следат подготовките за аџилак по поканата на Министерството за медиуми на Саудиска Арабија.
„Турците се дел од аџилакот. Ако не ги видите турските аџии, атмосферата на аџилакот останува неисполнета и со недостатоци“, одговори Бентен на прашањето на новинарот на Anadolu Agency (AA) во врска со сезоната на аџилакот и турските аџии.
Бентен привлече внимание со тоа што рече дека турските аџии доаѓаат во светите места мислејќи за сите потреби и базирајќи се на целосен ред и прецизност.
„Ние никогаш не сме имале жалби против турските аџии. Тие се фокусираат на аџилакот. Никогаш со никого не влегуваат во расправија, и не ги вознемируваат другите аџии“, додаде саудискиот министер.
Бентен нагласи дека се чувствуваат горди од присуството на турските аџии и ги предупреди аџиите да бидат внимателни на високите температури.
- Нови мегапроекти -
Бентен пред новинарите ги раскажа и планираните мегапроекти за зголемување на бројот на аџиите од светот.
Министерот нагласи дека визијата до 2030 година на Саудиска Арабија вклучува нудење услуги од високо ниво за аџиите.
„Ние реализираме проекти чиј износ достигнува до 30 милијарди долари. Благодарение на тоа, имаме цел да ги исполниме барањата за објекти и услуги за аџиите, чија бројка се зголемува секоја година“, додаде саудискиот министер за аџилак и умра.
Тој посочи дека оваа сезона на аџилак очекуваат три милиони аџилак да ги посетат светите места, и рече дека проектот за брз воз „Харамејн“ којшто ги вклучува Мека, Медина и Џиде, ќе даде голем придонес во транспортот.
Бентен информираше и за еден проект од 500 станбени објекти за аџиите, како и за аеродромот наменет за аџиите во Џеда.
- Проектот „Глобално муслиманско село“ -
Министерот за аџилак, Бентен, нагласи дека нивната цел е да го претворат аџилакот и умрата посета со „нула загриженост“, информирајќи за деталите на проектот „Глобално муслиманско село“ во кој ќе се одразат културите од сите муслимански земји.
„Во рамките на овој проект, Кралството ќе изгради едно село на 40 километри оддалеченост од Мека. Муслиманите што доаѓаат од светот ќе ги изградат својот културен простор тука, и за повеќе, ќе имаат можност да ги продаваат нивните производи, како што се ракотворбите“, додаде Бентен.
Саудискиот министер рече дека во рок од 2 до 3 години ќе се реализира и проект за метро, кое ќе го поврзува регионот со другите градови, и развој на синхронизираните апликации со технологијата на паметна комуникација.
„До 2030 година, аџилакот целосно ќе се организира со модерна технологија“, нагласи министерот за аџилак и умра на Саудиска Арабија, Салих Тахир бин Бентен.