Dilara Karataş
29 Јули 2025•Ажурирај: 30 Јули 2025
АНКАРА (АА) - Според првичните извештаи најмалку 30 лица загинале во поплавите предизвикани од поројните дождови во Кина, известува Анадолу.
Според Кинеската глобална телевизиска мрежа (CGTN), поројните дождови продолжуваат да го нарушуваат животот во главниот град Пекинг.
Според официјалните податоци, 28 лица загинале во пекиншкиот округ Мијун и две во округот Јанкинг од поплавите предизвикани од обилните дождови.
Непрекинатите поројни дождови оштетија автопатишта, а во некои области има и прекини на електричната енергија.
Интензивирани се напорите за контрола на поплавите во градот. Во тек се активности за пребарување и спасување на исчезнатите лица. Во подрачјата се пратени спасувачки екипи и материјали за помош при катастрофи.
Досега се евакуирани 80.332 лица.