Elena Teslova
07 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
МОСКВА (AA) - Бројот на муслиманите кои живеат во Русија достигна 25 милиони, додека од година во година таа бројка константно бележи раст, рече претседателот на Советот на муфтии на Русија, Равил Гајнетдин во разговор за Anadolu Agency (AA).
Истакна дека бројот на муслиманите во Русија бележи раст првенствено поради високата стапка на наталитет, како и поради муслиманските доселеници од земјите на Централна Азија.
Нагласи дека повеќето муслимани во таа земја живеат на подрачјето на московскиот регион, како и во Санкт Петерсбург и Јекатеринбург, додавајќи дека и во регионите Татаристан, Башкоростан и Северен Кавказ исто така живее голем број муслимани.
Напомена дека муслиманите се автохтона заедница во Русија, додавајќи дека во текот на историјата преку 58 заедници, народи и етнички групи, практикувале ислам во таа земја.
„Исламот во Русија дојде во седми век. Современиците на пророкот Мухамед стасаа 22 години по неговата смрт", рече Гајнетдин.
„Тие дојдоа во градот кој сега е познат како Дербент, а се наоѓа во јужен Дагестан. Прв езан во Русија се слушна токму на подрачјето на Дагестан", рече муфтијата Гајентдин.