Erbil Başay
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Германија, Марија Адебахр, истакна дека се подговтени да ги продолжат преговорите со турската влада и за намалување на тензиите во меѓусебните односи, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешната прес-конференција одржана во Берлин, таа разговараше околу пуштањето на слобода на германскиот државјанин, Давид Бритх, кој во април беше приведен во Турција во близина границата со Сирија.
Портапролката на МНР на Германија, нагласи дека ова одлука за пуштање на слобода на германскиот државјанин е еден друг позитивен сигнал во рамките на одликите донесени во Турција, и рече дека овие одлуки може да бидат надеж за постепено градење на довербата меѓу двете земји
Истакнувајќи дека шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и неговиот германски коелга, Сигмар Габиел, одлучиле за продолжување на преговорите кои започнаа во последните недели, Адебахр додаде: „Ние сме подготвени за продолжување на преговорите со турската влада и да се оди кон намалување на тензиите во меѓусебните односи“.
Таа пренесе дека тие забележуваат позитивен развој во односите, но, според неа, не треба да се заборави дека постојат тешки прашања меѓу двете земји.