Burak Bir
21 Мај 2026•Ажурирај: 21 Мај 2026
Француската авиокомпанија „Ер Франс“ и производителот на авиони „Ербас“ се прогласени за виновни за убиство од небрежност за авионската несреќа на линијата Рио-Париз во 2009 година, во која загинаа 228 лица, меѓу кои 216 патници, јавуваат медиумите денес, пренесува Анадолу.
Апелациониот суд во Париз ги прогласи француската авиокомпанија и комерцијалниот производител на авиони за виновни за смрт предизвикана од небрежност на компанијa за инцидентот што се случи пред 17 години, објави јавниот сервис БФМТВ.
Уривањето на авионот на „Ер Франс“ на летот АФ447, кој сообраќаше на релација од Рио де Женеиро до Париз, се случи на 1 јуни 2009 година, кога авионот падна во Атлантскиот Океан, при што загинаа сите 228 лица во него – 216 патници и 12 члена на екипажот.
Судот им наложи на „Ер Франс“ и „Ербас“ да ја платат максималната казна дозволена со закон за убиство од небрежност, која изнесува по 225.000 евра.
Судот ја донесе оваа одлука по предлог на обвинителството, кое уште на 26 ноември 2025 година побара двете компании - европскиот производител на авиони и француската авиокомпанија - да бидат прогласени за виновни за убиство од небрежност.
Двете компании беа ослободени од кривична одговорност во прв степен во април 2023 година, додека истовремено ја признаа граѓанската одговорност.