Emre Gürkan Abay
05 Април 2019•Ажурирај: 06 Април 2019
МОСКВА (АА) – Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, истакна дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин, на средбата покрај за сириското прашање ќе разговараат за испораката на „С-400“ и енергетските проекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Ушаков даде изјава во однос на средбата помеѓу претседателите Ердоган и Путин, што ќе се одржи на 8 април во Москва.
Ушаков, истакнувајќи дека за време на средбата една од главните теми ќе биде сириското прашање, додаде: „Двајцата лидери ќе разговараат за меѓународни и некои регионални прашања. Сириското прашање го одвојувам. Исто така, ќе биде разговарано и за изјавата на САД дека ќе повлечат некои воени единици од Сирија“.
Исто така, ќе се разговара и за испораката на руските системи за противвоздушна одбрана „С-400“ на Турција“, истакна Ушаков, додавајќи: „Лидерите ќе разговараат и за испораката на „С-400“ на Армијата на Турција, која често е на дневен ред во јавноста“.
Тој потсети дека во рамките на самитот што ќе се одржи на 8 април во Москва, ќе се одржи и седницата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија (ÜDİK).
„Покрај седниците на делегациите, ќе има и делови каде што лидерите сами ќе разговараат за најчувствителните прашања“, нагласи Ушаков.
Ушаков, истакнувајќи дека ќе се разговара и за „Турскиот тек" и за нуклеарната централа „Акују“, истакна:
„Ќе има и состаноци каде што ќе се приклучат претставници на бизнис-секторот и економските институции. По седниците се очекува страните да потпишат заеднички документи. Ердоган во вечерните часови ќе присуствува на манифестацијата во театарот „Бољшој“ по повод отворањето на Годината на туризам и култура помеѓу Турција и Русија“.