Muhammed Yasin Güngör
27 Ноември 2025•Ажурирај: 28 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 6,0 степени го погоди подрачјето во близина на Суситна, Алјаска, САД, според првичниот извештај на Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува Анадолу.
Потресот се случил во 17:11 часот ГМТ на длабочина од 69,4 километри и приближно 12 километри северозападно од Суситна, во близина на Енкориџ, најнаселениот град во американската сојузна држава.
По потресот нема непосредни извештаи за жртви или поголема материјална штета, ниту беше издадено предупредување за цунами.
Најголемиот земјотрес на Алјаска е регистриран на 27 март 1964 година со магнитуда од 9,2 степени и го потресе регионот на Принц Вилијам Саунд. Овој земјотрес и последователното цунами одзедоа 131 живот.