Mohammad Sıo
24 Април 2026•Ажурирај: 24 Април 2026
Израелската армија изврши воздушни напади и артилериски гранатирања низ Јужен Либан рано утринава и покрај неодамна објавеното продолжување на прекинот на огнот, објави либанската Национална новинска агенција (ННА), пренесува Анадолу.
Израелски воени авиони взори погодија куќа во градот Тулин, во областа Марџајун, по што следуваше артилериски оган во таа област.
Воздушни напади беа извршени и врз градот Кербет Селм, соопшти агенцијата.
Во областа Тир, израелските летала извршија напади врз периферијата на Маџдал Зун, а во текот на ноќта и врз висорамнините Рихан во областа Џезин.
Нападите се извршени само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан е продолжен за три недели по разговорите на ниво на амбасадори во Белата куќа.
Десетдневниот прекин на огнот со посредство на САД, кој стапи на сила на 16 април, требаше да заврши во недела.
Во засилените израелски напади врз Либан од 2 март загинаа повеќе од 2.200 луѓе и раселени се на над еден милион жители, покажуваат податоците на либанските власти.