Sena Güler
28 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
АНКАРА (АА) - Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, вчера изјави дека меѓу Анкара и Москва се имплементирани договорите за деескалирачката зона во Идлиб, и покрај тешкотиите во северозападниот дел на Сирија, и изрази надеж за стабилност и нормализација во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имплементирани се договорите за Идлиб, сепак, постојат некои потешкотии“, изјави Шојгу за новинарите по билатералната средба меѓу турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин, во Москва.
Тој изјави дека руската и турската Армија ќе извршат заеднички патроли во Идлиб и додаде: „Се надевам дека ситуацијата во Идлиб ќе се стабилизира и целосно ќе се врати во нормала.“
Турција и Русија минатиот септември се договорија да го претворат Идлиб во деескалирачка зона, каде што актите на агресија се строго забранети.
Сирискиот режим и неговите сојузници, сепак, постојано ги прекршуваат условите за прекин на огнот, со тоа што извршуваат чести напади во зоната.