Muhammet Emin Avundukluoğlu
04 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
АНКАРА (АА) ‒ Благодарение на напорите да ги укине лажните налози, „Линкедин“ успеа да запре 99 проценти од обидите за отворање такви профили, им соопшти на турските пратеници претставникот од платформата на деловната социјална мрежа, Џошуа Ретиен, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Најпрепознатливата карактеристика на „Линкедин“ е поврзувањето со вистинските луѓе. Ние спречуваме лажни профили. Со нашата работа спречивме лажни профили и стопиравме 99 проценти од лажните обиди за креирање профили“, изјави Ретиен, правен советник на компанијата.
Зборувајќи со членовите на Комисијата за дигитални канали на турскиот Парламент, Ретиен рече дека платформата продолжува да работи во насока на отворање канцеларии во Турција.
Тој истакна дека платформата има за цел да донесе јасни глобални полиси и да ги примени врз сите корисници.
Истакнувајќи дека „Линкедин“ работи во Турција од 2011 година, Ретиен рече дека сегашната база во земјата „расте многу брзо“.
„Имаме приближно 810 милиони членови низ светот и 11 милиони членови во Турција“, рече тој, истакнувајќи дека платформата додава „огромна вредност на пазарот на трудот“.
„Се објавуваат огласи за работа, создаваме можност за воспоставување контакт помеѓу барателот на работа и работодавачот“, додаде тој.
Со седиште во Ирска, „Линкедин“ во сопственост на „Мајкрософт“ има вработено повеќе од 18.000 персонал и развива услуги на 26 јазици.