Bedrudin Brlyavac
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
САРАЕВО (АА) - Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Џек Строу, на Европскиот самит за исламофобијата во Градското Собрание на Сараево, истакна дека во денешниот свет исламофобијата е присутна во сите пори на општествените заедници ширум светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ќе го започнам ова излагање со зборовите дека навистина ми е жал што Британците одлучија да ја напуштат Европската унија. Нашето заминување ќе се осети многу не само во Британија туку и во цела Европа и светот. Британците можеби одлучија да ја напуштат ЕУ, бидејќи мислат дека плаќаат за оние земји кои се помалку развиени од нив. Оние кои гласаа за излез од ЕУ тврдат дека сакаат својата земја повторно да ја контролираат самостojно. Голем број кои гласаа за излез имаа страв од миграции и странци. Користеа фотографии со слики на сириските муслимани и покриените жени. Тоа беше срамотен постер, а нивната порака беше дека тоа ни го носи ЕУ. Тоа беше и антитурски постер бидејќи тие не сакаат 71 милион Турци да дојдат и живеат во ЕУ. Оваа кампања предизвика сомнежи и предрасуди кон исламот и неговите следбеници” , изјави Строу.
Тој истакна дека особено по 11-ти септември дошло до пораст и ширење на исламофобијата во светот.
„ По 11-ти септември во светот се случи голема промена кон муслиманското општество. Но и во Сребреница се случи нешто што го сторија припадници на друга религија. Мора да признаеме дека денес посебен проблем кој придонесува на исламофобијата се луѓето кои убиваат во име на исламот. Овие манијаци кои немаат никаква поврзаност со исламот сепак ја споменуваат таа вера кога ги прават тие гнасни злосторства”, изјави Строу.
Учесниците на Самитот ќе разменат идеи и мислења и ќе се обидат да изнајдат решенија за предизвикот на исламофобичната нетолерантност, како и анти-муслимански злосторства од омраза во Европа и во светот.
На овогодинешниот самит ќе се разгледаат неколку клучни прашања, како што е воспоставување на најдобрата практика на политиката во борбата против исламофобијата. Ова ќе биде интегриранио во сеопфатен извештај, кој ќе биде достапен на креаторите на европската политика по Самитот.
Исто така ќе биде одржана и панел дискусија за тоа како заедниците можат да соработуваат и да работат заедно во борбата против разните форми на предрасуди и нетолеранција.
Спонзори на Европскиот самит за исламофобија во Сараево се Министерството за надворешни работи на Турција и Фондот за промоција на Република Турција, додека партнери се Истанбулската општина Умраније и општина Стари Град од БиХ.