Ekipa
03 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, по состанокот со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу во Пекинг, укажа на значењето на Турција кога е во прашање решавањето на некои меѓународни проблеми, и порача дека е потребна заедничка поддршка на двете земји по прашањето на одредени чувствителни теми, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој повика на зголемување на заедничката деловна соработка во рамките на проектот „Централен коридор” и „Еден појас-еден пар”, кој има за цел повторно оживување на „Патот на свилата”.
Министрите се согласија во заеднички интерес на двете земји за зголемување на соработката во борбата против тероризмот и зачувување на заедничката безбедност.
„Кина одлучно ќе ги поддржи напорите на Турција во зачувување и заштита на суверенитетот, стабилноста и безбедноста”, истакна Ванг.
Кинескиот министер потсети дека Турција како низ историјата, така и денес, е важна земја на „Патот на свилата”.
Ванг потсети дека се јасни нивните ставови кога е во прашање уништувањето на нуклеарното вооружување на Корејскиот Полуостров, продолжување на мирот и стабилноста како и решавање на пробелмот преку дијалог и преговори. Тој изјави дека неговата земја е против тестирање на ракетите на Северна Кореја.
Ванг ги повика сите страни да се воздржат од активности кои би довеле до зголемување на тензиите.
Тој се осврна и на тензиите во Ерусалим, во врска со комплексот Ал -Акса, истакнувајќи дека проблемот на Палестина е „темел на хаосот на Блискиот Исток”.
„Доколку не се реши палестинскиот проблем мир на Блискиот Исток нема да биде возможен”, порача Ванг. Тој додаде дека овој проблем е потребно да се реши преку дијалог и преговори, и укажа на значењето на Турција кога е во прашање решавањето на ова прашање.