İlayda Çakırtekin
07 Октомври 2026•Ажурирано: 07 Октомври 2026
Најмалку осум лица се повредени во напад со нож во училиште во Североисточна Полска денес, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Повредените, меѓу кои пет деца и тројца возрасни, биле пренесени во болница, изјави Адријан Ступски од противпожарната служба за полскиот медиум РМФ ФМ.
Напаѓачот, 19-годишен ученик во училиштето во градот Остроленка, бил уапсен набрзо откако избегал од местото на извршениот напад.
Портпаролот на полицијата, Марчин Савицки, за Полската новинска агенција изјави дека и напаѓачот бил повреден.
На самото место полициските службеници го утврдуваaт текот на околностите на настанот.