Ekip
18 Јули 2024•Ажурирај: 19 Јули 2024
ДУХОК (АА) - Нема да се применува одлуката за затворање на камповите во кои престојуваат Езидите, кои не можат да се вратат во своите домови во областа Синџар во Мосул, Ирак, поради окупацијата од страна на терористичката организација ПКК, соопшти ирачки фунционер, известува Анадолу.
Езидите, кои бегајќи од областа Синџар по нападот на терористичката организација ДЕАШ во август 2014 година побараа засолниште во камповите во Духок, живеат далеку од своите домови речиси 10 години откако терористичката организација ПКК ја окупира таа област.
И покрај одлуката на ирачкото Министерство за миграции и мигранти да ги затвори камповите до 30 јули 2024 година, окупацијата на подрачјето од страна на терористичката организација ПКК со години ги принудува Езидите, кои сакаат да се вратат во своите домови, да живеат во тешки услови во кампот.
Пир Дејан Пир Џафер, директор за катастрофи и вонредни ситуации при Управата за миграција во Духок, за АА изјави дека одлуката во врска со камповите Багдад ја донел без консултација со Регионална влада на ирачките Курди и Езидите од Синџар.
Зборувајќи дека се одржани консултации со ирачката централна Влада за да се најде посоодветен механизам во врска со состојбата на камповите, Џафер рече: „Камповите сè уште остануваат како што се, а претходната одлука е ставена во мирување.“
Џафер изјави дека некои луѓе претходно заминале за Синџар, но повторно се вратиле во камповите поради безбедносни проблеми, невработеност и недостиг на услуги во областа што е под окупација на терористичката организација.