Nilay Kar
15 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
МИНХЕН (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека вакуумот што ќе се појави по очекуваното повлекување на американските војници од Сирија не треба да им даде простор на терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на Конференцијата за безбедност во Минхен, Акар повтори дека и покрај користењето различни етикетирања, ПКК, ПЈД и ЈПГ се всушност иста организација.
„Расчистувањето на терористичката организација ЈПГ од Сирија има најважно значење за безбедноста на нашите граници и народ“, изјави Акар.
Турција најави прекугранична операција во Сирија против ЈПГ/ПЈД источно од реката Еуфрат, по двете слични операции кои се извршени од 2016 година.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
„Вакуумот што ќе се појави по повлекувањето на американските трупи од Сирија не треба да им обезбеди засолниште на терористите“, додаде Акар.
Во врска со идејата за воспоставување безбедносна зона источно од Еуфрат, Акар изјави дека само турските сили треба да бидат присутни во каква било зона од тој тип.