Safiye Karabacak
05 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
РАМАЛА (АА) - Портпаролот на Владата на Палестина, Ибрахим Мулхим, погодувањето на зградата во која се наоѓа и канцеларијата на Anadolu Agency во Газа која е под блокада, од страна на Израел, го опиша како обид за отстранување на сведоците, јавува Anadolu Agency (AA).
Ибрахим Мулхим во изјава за АА истакна дека го осудува погодувањето на зградата во која се наоѓа и канцеларијата на АА, од страна на Израел и упати предупредување до Израел во врска со нападите врз медиумските органи и новинарите.
„Погодувањето на Kанцеларијата на АА е обид за отстранување на сведоците, и подготовка за масакрот на Израел во Газа“, рече Мулхим.