Kasım İleri
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп постои позитивен пристап во насока на заедничко работење во Либија, и дека добиле инструкции заеднички да работат со САД во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу говореше на панел-дискусијата одржана преку видео-конференција на Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) со седиште во САД.
Турскиот министер нагласи дека секогаш постојат согласувања како и несогласувања во турско-американските односи, но според него процесот во оваа пандемија создал нова димензија во односите меѓу двете земји.
Тој нагласи дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19, Ердоган и Трамп биле во близок дијалог.
Според него, помошта на Турција во медицинска опрема за САД имала многу позитивни рефлексии во земјата, и дека тоа е важен индикатор на тоа што значи вистински сојузник.
Чавушоглу истакна дека постојат несогласувања меѓу САД и Турција во Сирија предизвикани од тоа што Вашингтон продолжува да дава поддршка за терористичката органзиација ЈПГ/ПКК, и дека оваа состојба не се однесува на другите регионални прашања.
Шефот на турската дипломатија рече дека Турција и САД имаат блиска политика за Ирак и дека во рамки на НАТО, работат заедно за обучување на ирачките сили.
„Исклучително сме вознемирени од ангажирањето ЈПГ во Сирија од страна на САД. Тука треба да се стави крај на ваквите активности сособено кои се насочени кон поделбата на Сирија. Ова е еден од најважните проблеми“, додаде Чавушоглу.
Тој истакна дека постојат проблеми меѓу двете земји во врска со барањето на Турција во врска со екстрадицијата на припадниците на терористичката организација ФЕТО, како и купувањето на руските одбранбени системи С-400 од страна на Анкара, и рече: „Во последно време, особено во споредба со минатата година, можам да кажам дека постои едно ублажување меѓу нас. По нашата операција во Идлиб, најсилната поддршка ја добивме од Америка. Од нашите европски сојузници добивме вербална поддршка, но не добивме конкретна поддршка“.
Чавушоглу нагласи дека САД во последно време почнале да бидат поактивни во врска со Либија.
„Нашиот почитуван претседател (Ердоган) предложи да работиме заедно како Турција и САД. Почитуваниот Трамп тоа го сметаше за позитивно, и добивме инструкции да работиме заедно на ниво на министрите за надворешни работи, министрите за одбрана и на разузнавачко ниво. Нашите колеги разговараат на техничко ниво. Заедничкото дејствување е важно за стабилноста на регионот како и за иднината на Либија“, додаде Чавушоглу.
- Борбата на Турција против пандемијата
Турскиот министер за надворешни работи нагласи дека Турција водела примерна борба против пандемијата на Ковид-19, и рече: „Турција ќе биде еден од земјите кои од еконосмки аспект овој процес ќе го надминат со најмала штета. Мерките ги презедовме навреме“.
Тој истакна дека по пандемијата, ништо нема да биде исто во светот, и дека оваа пандемија го тестира светскиот поредок.
Шефот на турската дипломатија рече нагласи дека глобализацијата нема да заврши, но според него регионалзиацијата уште повеќе ќе излезе во преден план и дека тоа за Турција ќе носи нови можности.
Чавушоглу рече дека меѓународните организации биле недоволни во процесот на пандемијата, и додаде: „Ние како Турција ќе ги продолжиме нашите напори и нашата поддршка за обновување на глобалниот систем“.