Halis Akyıldız
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - ХАЛИС АКЈИЛДИЗ -
Портпаролот на Хамас, Сами Ебу Зихри, истакна дека Газа успеа да покаже пример за отпор и надеж за борба, и дека приказната на Газа стана надеж за исламскиот умет.
Ебу Зухри, во разговор за Anadolu Agency (AA) во Истанбул потсети дека во интервенцијата на израелските војници врз Палестинците, кои од 30 март досега реализираат мировни демонстрации под името „Маршот на големото враќање“, кој се одржува во Појасот Газа која е под блокада, на границата со Израел, животот го загубија околу 220 лица, а илјадници се повредени, од кои голем број останале инвалиди.
Ебу Зухри нагласи дека турските организации кои го поддржуваат палестинскиот народ, имаат добра улога, и дека Турција претставува надеж за Палестина и за исламскиот умет.
Тој рече дека очекуваат Турција да обезбеди уште поголема помош за палестинскиот народ, особено во Газа.
„Газа успеа да покаже пример за отпор и надеж за борба, и приказната на Газа стана надеж за исламскиот умет,“, додаде тој.
„Управителите со ционистичко мислење во овој период ја водат Америка. Затоа таа стои до Израел против Арапите и муслиманите“, нагласи Ебу Зухри.
„Кудс го прогласија за главен град на Израел. Тоа е одбиено, и тоа го рефлектиравме со Маршот на големото враќање против одлуката на Америка. Оваа окупација ќе заврши, и Кудс ќе остане исламски град. Палестина е територија на муслиманите, Евреите ги окупираа овие територии. Решението стои во ставање крај на окупацијата; живеење во окупација е една неприфатлива состојба. Природното решение стои во ставање крај на еврејската окупација на палестинските територии“, истакна портпаролот на Хамас.
Ебу Зухри рече дека се наоѓаат пред еден опасен процес, и дека тие како Палестинци вложуваат напори за да ги заштитат своите територии.