Nour Mahd Ali Abu Aisha,Hacer Başer
28 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
ГАЗА (AA) - Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун предупреди дека би можело да дојде до пораст на насилството помеѓу Израелците и Палестинците, доколку продолжи израелската блокада и ембаргото во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот човек на ОН Бан денес допатува во Газа а во текот на посетата на основно училиште Зејтин кое го води Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA), изјави дека израелскиот ембарго ја угуши газа и дека тоа мора да се заврши.
Изразувајќи задоволство со започнатиот процес на обновата на Газа по девастирањето во текот на израелските напади 2014 година, секретарот Бан им се заблагодари на земјите донатори.
„Можевме да ги обновиме куќите, но тоа можеме да го кажеме и воопшто за животот во Газа. Прашањето е можеме ли да ги залечиме сите рани кои ги нанесе војната и одговорните да се изведат пред лицето на правдата", рече Бан.
Израелскиот ембарго во Газа Бан го нарече „колективно казнување" и додаде дека ОН вложува напори на младите во Газа да им се обезбеди работа и да се создадат услови за нормален живот.
Повикувајќи ги палестинските движења Хамас и Фатах да истраат во формирањето на влада на националното единство на Палестина, Бан рече дека тоа би придонело кон решавање на економската криза, а посебно и за развојот на Газа.
Бан исто така ја повика меѓународната заедница да продолжи во напорите за решавање на блиско-источната криза на база на воспоставување на две независни држави и да ја заврши израелската окупација на палестинската земја.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун денес ја посети болницата Хамад бин Калифа Ал Тани чија изградба ја финансираше Катар.
Бан и непосредно по последните напади на израелските сили на 14 октомври ја посети Газа и во таа прилика апелираше да се имплементира договорот на Израел, Палестина и ОН за ублажување на израелското ембарго за да во Газа се овозможи увоз на градежен материјал потребен за обнова на уништените населби и инфраструктура.