Adham Kako
08 Март 2019•Ажурирај: 10 Март 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) повика на ослободување на жените уапсени во затворите на режимот на Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската мрежа за човекови права (SNHR), во пораката објавена за 8 Март, Меѓународниот ден на жената, соопшти дека жените во Сирија и понатаму страдаат од кршење на нивните права.
Во пораката се вели дека од март 2011 година, 7.721 жена сè уште лежат во затворите на режимот на Асад.
Во извештајот, исто така, пишува дека жените во затворите на режимот се измачувани, и дека се бара да бидат ослободени.
Се нагласува дека Обединетите нации треба да донесат „обврзувачки“ одлуки за да ги заштитат правата на сириските жени и да ги заштитат од напади.
Според опозициските извори, најмалку 500 илјади луѓе се притворени во затворите на режимот во Сирија. Од тоа што можело да се утврди, повеќе од 13.500 се жени, кои биле мачени или силувани во затворите на режимот.