Elena Teslova
06 Август 2026•Ажурирано: 06 Август 2026
Русија денес соопшти дека успешно извршила тест-лансирање на крстосувачката ракета „Калибр“, јавува Анадолу.
Екипажот на руската корвета „Гремјашчиј“ успешно погодил цел со крстосувачката ракета „Калибр“ за време на вежбите на Пацифичката флота, соопшти руското Министерство за одбрана.
Според Министерството, ракетата била лансирана од Авачинскиот Залив и прелетала околу 1.300 километри до полигонот Кура на полуостровот Камчатка, каде што успешно ја погодила предвидената цел.
Во соопштението се наведува дека тестирањето било спроведено во рамките на тековните вежби на Пацифичката флота.
„Калибр“ се руски крстосувачки ракети со долг дострел, наменети за напади врз копнени и поморски цели. Може да се лансираат од воени бродови и подморници.
Овој ракетен систем е во употреба во руската војска од 2010 година, а ракетите „Калибр“ имаат дострел поголем од 1.000 километри, што ги прави едно од клучните оружја за напади на големи далечини во арсеналот на руската морнарица.