Fatma Zehra Solmaz
04 Мај 2026•Ажурирај: 04 Мај 2026
Брод пресретнат од САД по обидот да ја пробие блокадата на иранските пристаништа е префрлен во Пакистан за репатријација во Иран, заедно со неговиот екипаж, објавија американските медиуми, повикувајќи се на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), пренесува Анадолу.
„Денес американските сили го завршија префрлањето на 22 члена на екипажот на 'М/В Тоуска' во Пакистан за репатријација“, јави телевизијата Еј-би-си њуз, цитирајќи го портпаролот на ЦЕНТКОМ, капетан Тим Хокинс.
Хокинс додаде дека уште шест патници веќе биле префрлени во земјата за репатријација минатата недела.
Иранските државни медиуми објавија дека шесте лица биле членови на семејствата на дел од екипажот.
ЦЕНТКОМ не одговори на барањето за потврда. Пакистанските и иранските власти, исто така, не ги потврдија наводите.
Американските поморски сили го запленија бродот „Тоуска“ на 19 април во Оманскиот Залив откако наводно одбил да ги почитува упатствата за блокада.