Esin Eşkinat Sayılgan
24 Септември 2021•Ажурирај: 25 Септември 2021
ЊУЈОРК
Најмалку едно лице загина, а 14 се ранети во оружен напад во супермаркет во американската сојузна држава Тенеси, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на полицијата во Тенеси се наведува дека напаѓачот, кој пукал во супермаркет во градот Колирвил, околу 1:30 часот по локално време, си го одзел животот на самото место откако убил најмалку едно лице.
Претставник на власта информирајќи за состојбата на 14-те лица ранети во нападот, соопшти дека тие се наоѓаат во критична здравствена состојба.