Aida Cako
14 Октомври 2025•Ажурирај: 15 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Сите летови со поаѓање од аеродромот во Брисел се откажани поради национален штрајк во Белгија, кој предизвика сериозни прекини во сообраќајот и нарушувања во јавниот превоз, јавува Анадолу.
Штрајкот, организиран од синдикатите, предизвика нарушувања во јавниот транспорт, вклучително и железнички линии, автобуси и метро, што создаде големи проблеми за илјадници патници што патуваат од главниот град.
Аеродромските служби беа целосно погодени од штрајкот, поради што не беше реализиран ниеден лет со поаѓање.
Патниците се соочија со одложувања и долги редици.
Националниот штрајк e организиран во знак на протест поради планираните намалувања на владиниот буџет.