Tufan Aktaş
30 Јануари 2023•Ажурирај: 31 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 136 припадници на терористичката организација Ал Шабаб се неутрализирани во операција спроведена во Сомалија од страна на сомалиските и американските сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сомалиската национална телевизија (СНТВ) објави дека специјалните сили на националната разузнавачка служба и американската војска извеле заедничка операција против терористичката организација Ал Шабаб во покраината Долен Шабел.
Во операцијата убиени се 136 припадници на терористичката организација, меѓу кои и некои нејзини водачи, како Моалим Салахеј, Салман Дере и Моалим Хаши.
Сомалиските и американските сили во изминатите денови ги интензивираа операциите против терористичката организација Ал Шабаб, која е главна безбедносна закана во Сомалија, која со децении е средиште на длабока политичка и безбедносна криза.