Selen Valente Rasquinho
09 Октомври 2024•Ажурирај: 10 Октомври 2024
БРИСЕЛ (АА)
- Селен ВАЛЕНТЕ
Францускиот писател и уредник Патрик Пасин, кој поднесе тужба против поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со образложение дека ја поттикнал војната во Украина, рече дека преговорите одржани во март 2022 година со посредство на Туркије биле последната можност за мир, пишува Анадолу.
Пашин на 27 септември поднесе тужба до Судот во Брисел против Столтенберг, кој на 1 октомври ја предаде функцијата што ја извршуваше 10 години.
Пасин, автор на книгата „Војна во Украина: Кривичната одговорност на Западот - нашите опции за запирање на кризата“, го обвини Столтенберг за поткопување на дипломатските напори насочени кон спречување војна, загрозување на безбедноста на земјите на НАТО, вклучително и Белгија, извршување злосторства против мирот, наштетувајќи на животот и здравјето на поголема група луѓе.
Пашин за дописникот на АА изјави дека главната цел на тужбата е да докаже дека Столтенберг, иако имал моќ да ја спречи војната во Украина, се воздржал од тоа, ја прекршил Повелбата на Обединетите нации, Повелбата на НАТО и политиката на чесност, една од основните елементи на НАТО, и придонел за непријателски дејствија во рамките на белгискиот Кривичен законик.
„Сакав да ја поднесам тужбата пред да ја напушти функцијата, сакав да ја види“ рече Пашин и додаде:
„Ги гледаме последиците од војната. Инфлација, сиромаштија, зголемување на долговите. Не можеме да прифатиме уништување на нашите животи и животите на нашите деца на ниво на целиот континент. Во Европа веќе имаше две светски војни. Токму затоа главна цел е мирот, но гледаме дека засега нема решение. Се повеќе се убиваат Украинци. Се убиваат и Руси. Се убиваат и руски војници. Уште колку ќе трае?“
„(Столтенберг) Ја поттикна војната во Украина наместо да ја спречи“, рече Пашин.
Осврнувајќи се на преговорите Русија - САД - НАТО пред војната, Пашин зборуваше за предлозите поднесени од Русија до САД и НАТО на крајот на 2021 година, кои вклучуваа безбедносни обврски на Алијансата за напуштање на источната експанзија и вклучување на поранешните земји од Советскиот Сојуз во НАТО и потсети дека преговорите одржани до средината на јануари 2022 година не вродиле со никакви резултати.
Пасин рече дека Столтенберг во изјава за германскиот „Der Spiegel“ на 19 јануари тврдел дека НАТО никогаш нѐ и дал гаранции на Русија за прашањето вклучено во предлозите, и дека тоа е „лага“.
Посочувајќи дека САД на 9 февруари 1990 година на Русија ѝ ветиле дека НАТО од Источна Германија нема да се прошири кон исток, и дека истото ветување го дал и тогашниот генерален секретар на НАТО Манфред Ворнер во својот говор во Брисел на 17 мај 1990 година, Пасин тврди дека Столтенберг го прекршил принципот на чесност.
Пашин тврди дека во рамките на ветување дадено во 1990 година, Столтенберг имал можност да ги намали тензиите до 24 февруари, кога започна војната, но тој одбрал да не го стори тоа.
- „Имавме потреба од неутрална земја и Туркије беше најдобра за тоа“
Осврнувајќи се на преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул во март 2022 година, Пашин рече:
„Двете страни беа блиску до потпишување мировен договор. Како и сите други, јас бев среќен што Туркије ја одигра оваа мировна улога, која беше многу важна“.
Наведувајќи дека Белорусија нема да биде вистински актер за мировните разговори, Пашин продолжи со зборовите:
„Имавме потреба од неутрална земја и Туркије беше навистина најдобра за ова бидејќи знаеме дека Туркије има договори и со Украина, на која и испорачува беспилотни летала, и со Русија, и бидејќи вашиот претседател (Реџеп Таип Ердоган) и (рускиот претседател Владимир) Путин имаат блиски односи“.
Пашин го истакна следното:
„Борис Џонсон, кој беше британски премиер во тоа време, отиде во Киев и знаеме дека рекол ‘Не, нема да го потпишете тоа’.
Тоа беше последен пат да се зборуваше за мир. Веќе никој не зборува за мир. Изгледа како заборавен збор. Но, во тоа време, кога видов дека преговорите во Туркије се неуспешни, ја напишав книгата „Војната во Украина: Кривичната одговорност на Западот - нашите опции за запирање на кризата“.