Diyar Güldoğan
05 Август 2026•Ажурирано: 05 Август 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Ормускиот Теснец ќе биде повторно отворен „многу наскоро“, додека продолжуваат преговорите со Иран, предупредувајќи дека САД ќе преземат силна воена акција доколку не биде постигнат договор, јавува Анадолу.
„Теснецот ќе биде отворен многу наскоро – или ќе бидат погодени многу жестоко, а потоа теснецот ќе биде отворен“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
Трамп рече дека претходно бил подготвен да нареди голем воен напад врз Иран, но се согласил на преговори откако ирански претставници побарале разговори.
„Бевме подготвени за огромен напад, најголем од Втората светска војна, а тие ми се јавија и многу љубезно рекоа: ‘Ве молиме, може ли да разговараме? Може ли да разговараме?’… Јас реков: ‘Да, може да разговараме. Да го завршиме тоа. Конечно, да го завршиме’“, додаде тој.
Американскиот претседател истакна дека Иран ќе се соочи со жесток одговор доколку се повлече од преговорите, повторувајќи дека на Техеран не смее да му се дозволи да развие нуклеарно оружје.
„Ако повторно се повлечат, ќе бидат погодени навистина жестоко. Тие го знаат тоа и го разбираат. Немам избор. Тие не смее да имаат нуклеарно оружје. Тоа е многу едноставно“, рече Трамп.
Тој додаде дека американските и иранските претставници водат „многу добри разговори“, иако призна дека Техеран јавно сѐ уште не го потврдил напредокот во преговорите.
„Единствено што е важно е дејствувањето, а тие сакаат да постигнат договор. Ќе видиме што ќе се случи. Ако не постигнат договор, ќе биде многу лошо“, изјави Трамп.