Övünç Kutlu
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот меѓународен автомобилски гигант „Ford“ (Форд) донесе одлука еден дел од производството во Мексико да го префрли во Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата „Ford“ се наведува дека е договорено моделот „Focus“ (Фокус) од втората половина на 2019 година, наместо во Мексико, да почне да се произведува во Кина. Компанијата со ваквиот потег очекува заштеда од 1 милијарда долари.
Во соопштението се нагласува дека автомобилите произведени во Кина ќе се продаваат на пазарот во Северна Америка, и се додава дека ваквата одлука нема да предизвика отпуштање на работниците и намалување на вработеноста во САД.
Покрај тоа, во соопштението се вели дека компанијата ќе инвестира 900 милиони долари во фабриката за камиони во Кентаки. Оваа инвестиција треба да овозможи вработување на 1.000 лица.
Компанијата „Ford“ кон крајот на 2015 година инвестираше 1,3 милијарди долари во фабриката во Кентаки во САД и вработи 2.000 лица.
Компанијата планира да ја откаже инвестицијата од 1,6 милијарди долари во фабриката во Мексико и наместо тоа, да инвестира 700 милиони во САД, со што ќе се овозможи вработување на 700 лица.