Fatih Erel
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Со образложение дека ОН е под притисок на режимот на Сирија и поради фактот дека помошта не може да се достави до подрачјата на опозицијата, 73 добротворни организации од Сирија ја прекинаа размената на информации со ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Во канцеларијата на ОН во Женева, со дописникот на АА разговараше порпаролот на Канцеларијата за координација со хуманитарни прашања на ОН, Јенс Ларке.
„Вчера, од 73 добротворни организации од Сирија добивме заедничко писмо во кое се вели дека овие организации ја прекинуваат размената на информации со ОН, која врши испорака на хуманитарна помош во земјата, под образложение дека ОН е под притисок на режимот во Сирија, и побарале истрага по ова прашање“, рече Ларке.
Ларке изјави дека овие добротворни организации не ја прекинале соработката со ОН и дека продолжува хуманитарната помош во Сирија.