Hakan Çopur
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот турски фудбалер и пребегнатиот член на терористичката организација ФЕТО, Хакан Шукур, е еден од бројните припадници на ФЕТО кои пребегаа во САД. Шукур, како и поголемиот дел од ФЕТО бегалците во оваа земја, живее еден крајно лагоден и луксузен живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите и фоторепортерите на АА го забележаа Хакан Шукур, кој денес живее во Сан Франциско. Шукур е сопственик на кафе-ресторанот "tuts Bakery-Cafe" во една од најпрометните улици на овој град University Avenue, во квартот Пало Алто. Според новинарите на АА, локалот на Шукур е и место на собир на припадниците на ФЕТО.
Во регионот каде што Шукур има ресторан живеат голем број на познати личности, во близина се наоѓаат продажните места и канцеларии на технолошкиот див како Apple. Недалеку е и универзитетот Станфорд.
Живее во куќа од 3.000.000 долари
Сето она што може да се види на снимките укажува на фактот дека Шукур, откако побегна од Турција, во САД формирал еден прилично луксузен живот. На тоа укажува и цената на куќата во која живее, а која се проценува на 3.000.000 долари.
Шукур од крајот на 2015 година, од кога престојува во оваа куќа, плаќа кирија од 6.850 долари. На куќата можат да се забележат украси по повод престојните празници. Паркираните возила покрај куќата укажуваат на страста на Шукур кон луксузните автомобили.

Бегалецот е сопственик на Фолксваген автомобил со отворен покрив, и џипови Лексус и Мерцедес.
Против поранешниот фудбалер на Галатасарај и репрезентацијата на Турција, Хакан Шукур, а воедно и поранешниот пратеник во турскиот парламент, покренато е обвинение дека преку Твитер го навредувал претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Откако обвинителството побара казна од четири години затвор, Шукур не се појави на рочиште. Утврдено е дека побегнал во САД.

Потсетуваме, пучистите лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обидоа да извршат државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, и во таа прилика загинаа речиси 250 лица, а ранети се над 2.000.
Обидот за државен удар е спречен откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и другите делови на земјата и храбро, со голи раце застанаа пред тенковите и оклопните возила во кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во Турција.