Seçkin Yavuz
08 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 11 лица загинаа, а 25 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во јужноамериканската држава Еквадор, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Центарот за вонредни состојби во Кито, главниот град на Еквадор, информираат дека несреќата се случила на патот Пан-Американ, каде што дошло до судир на камион и автобус.
Потврдено е дека загинале 11, а повредени се 25 лица. Официјалните претставници информираат дека повредените лица со хеликоптери се префрлени до околните болници.