Aydoğan Kalabalık
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
КАИРО (АА) - Првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, е роден на 8 август 1951 година во селото Адве, покраината Хеја, во Египет, пренесува Anadolu Agency (AA).
На претседателските избори што се одржаа во јуни 2012 година, по револуцијата од 25 јануари 2011 година во Египет, Морси стана претседател на Египет со освоени 51,73 отсто од гласовите.
На 24 јули 2012 година беше официјално објавено дека Морси e новиот претседател. На 30 јули даде заклетва и започна со својата должност.
Тој, исто така, ја вршеше должноста како претседател на партијата Слобода и правда, кое беше политичко крило на Организацијата Муслиманско братство (Ихван). Од 2000 до 2005 година беше пратеник во Собранието на Египет.
Мухамед Морси, беше машински инженер, оженет и има 5 деца.

По државниот удар, Морси беше осуден на смрт за случајот „Рации во затвори“. Сепак, една и пол година подоцна, Врховниот суд ја поништи пресудата и нареди повторно судење.
Откако Морси беше остранет од функцијата претседател против него беа започнати 6 случаи. Четири од нив беа завршени, а во два случаи постапката беше во тек.
Мухамед Морси стана првиот претседател во историјата на Египет по демократски пат во 2012 година, по популарната револуција во 2011 година, која го принуди поранешниот претседател Хосни Мубарак (1981-2011) да поднесе оставка.
На 3 јули 2013 година, Морси беше соборен со воен удар од страна на тогашниот министер за одбрана, Абдулфетах ес Сиси, кој подоцна стана претседател.
Мухамед Морси, денес се појави во судницата за случајот познат како „шпионажа во име на Хамас и бегство од затворот Натрун“. Морси, говорејќи во текот на рочиштето, се онесвести и почина во судницата.