Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
21 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
ИДЛИБ (АА) - Агенција Анадолија (АА) од воздух го сними шаторскиот камп во границите на зоната за деескалација во Идлиб, кој беше погоден од терористичките групи поддржани од Иран кои војуваат во редовите на Асадовиот режим во Сирија.
Во вчерашниот напад извршен од страна на терористичките групи поддржани од Иран во зоната на кампови во Ках, која се наоѓа во близина на турско-сириската граница, загинаа 12 цивили, од кои повеќето деца, додека најмалку 40 цивили беа повредени.
Во снимките кои АА ги сними од воздух, се забележува дека се срушени камповите, како и ѕидовите од тули, додека дел од нив се запалени.
Ахмет Зидан кој живее во кампот во Ках, во изјава за АА овој напад го опиша како геноцид.
Зидан нагласи дека во вечерните часови слушнале неколку експлозии.
„По големата експлозија се слушаа и други експлозии. Избувна пожар. Имаше голем број жртви и повредени. Луѓето од паника избегаа кон другите кампови. Останатите се скрија во земјиштата со маслинки“, додаде тој.
Ебу Амар, кој живее во друг шаторски камп, рече дека Асадовиот режим, покрај нивните населени места, ги бомбардира и камповите во кои се засолнуваат. Според Ебу Амар, веднаш по нападот бил испразнет кампот во кој живеат околу 500 семејства.
Од друга страна, 10-годишниот Хусеин Калачи нагласи дека неговите татко и сестра биле ранети со шрапнел во нападот.
„Каповите почнаа да горат. Видов дека тече крв од мојот татко и од мојата сестра. Моите мали браќа плачеа. Помислив дека умирам во сон“, рече Калачи, раскажувајќи го моментот кога бил извршен нападот.