Ekip
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку 11 лица загинаа во Завзјан, северната област во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Авганистанската полиција потврди дека членовите на терористичката организација ДЕАШ убија десет полицајци и сопруга на полициски командант.
Портпаролот на гувернерот, Мохамад Реза Гафори рече дека се убиени полицајци во заседа додека излегувале од џамијата во областа Завзјан.
Сопругата на едниот од нив слушнала за заседата и дошла до местото каде што и таа била убиена.
Терористичката организација ДЕАШ претходно била активна во источните авганистански региони, но неодамна почна да делува во северниот дел на земјата.