Sayed Khodaberdi Sadat
31 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку шест лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад што се случи утрово, во источната авганистанска провинција Нангархар, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот од канцеларијата на гувернерот на Нангархар, Атаулах Хогјан соопшти дека бомбашот-самоубиец активирал моќен експлозив во центарот на градот, во местото Халес Фамили.
Нападот е извршен пред куќата на лидерот на едно племе, во време кога во куќата се одржувал состанок на таа племенска заедница во Нангархар.
Во нападот загинаа најмалку шест лица, вклучувајќи го и лидерот на племето, а повредени се шестмина други.
Досега никој не ја презеде одговорноста, но авганистанските власти сметаат дека станува збор за напад на терористичката организација ДЕАШ, која ги интензивира своите активности во таа земја.