Sayed Khodaiberdi Sadat
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
КАБУЛ
Најмалку осум лица загинаа во напад на подрачјето на Белх, на северниот дел на Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Адилсах Адил, портпаролот на полицијата на Белх, изјави дека талибанците поставиле бомба на патот на подрачјето Алем Хила во Белх. Активирана е кога на тој дел на патот поминувало оклопно возило на безбедносните сили. По експлозијата следуваше вооружен напад.
Адил потврди дека загинале седум припадници на безбедносните сили и еден цивил. Како тој изјави, ранети се шест лица.
Адил изјави дека имало жртви и на страна на талибанците. Меѓутоа, оние сеуште не се огласиле во врска со овој напад.