Sayed Khodaberdi Sadat
27 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
МАЗАР-И ШАРИФ (АА) - Во северниот дел на Авганистан, во градот Дерзаб, кој се наоѓа во провинцијата Ѓузан, настана судир меѓу членовите на терористичката организација ДЕАШ и талибанските милитанти, во кој загинаа 76 талибанци и 15 членови на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанската провинција Ѓузан, Мухамед Реза Гафури, за АА изјави дека во Аксаи, во подрачјето на Дерзаб, избувнал судир меѓу талибанските милитанти и ДЕАШ.
Портпаролот Гафури соопшти дека во судирот загинале 76 талибански милитанти и 15 членови на ДЕАШ, а ранети се 57 талибански милитанти и 12 членови на ДЕАШ.
Според она што го соопшти, се претпоставува дека причина за судирот меѓу двете терористички организации е несогласување околу трговијата со дрога.
Портпаролот Гафури додаде дека со цел да се спроведе акција против терористите, во подрачјето се испратени поголем број припадници на безбедносните сили.